Активности|

Врз основа на член 24 од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на РМ“ бр.51/05; 137/07; 91/09; 124/10; 18/11; 53/11; 144/12; 55/13; 163/13 и 42/14) Градоначалникот на Општина Центар – Скопје го издава следното

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат физичките и правните лица од oпфатот на Детален урбанистички план Градска четврт З 12 – локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, Општина Центар – Скопје дека Градоначалникот на Општина Центар – Скопје донесе Решение за организирање на

ПОВТОРНА ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ПОВТОРНА ЈАВНА АНКЕТА по

НАЦРТ – ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ З 12 – ЛОКАЛИТЕТ ПАРК 1 И ДЕЛ ОД ДЕБАР МААЛО 2, ОПШТИНА ЦЕНТАР – СКОПЈЕ

Границата на зафатот е дефинирана:

На североисток по оската на продолжението на река Вардар;

На југоисток по оската на бул.„Св. Климент Охридски“;

На југозапад по оската на бул.„Илинден“;

На северозапад по границата со Општина Карпош, односно по улиците и пешачките патеки што ја претставуваат границата помеѓу Општина Центар – Скопје и Општина Карпош.

Вкупната површина опфатена во рамките на опишаните граници изнесува 44,26 ха.

Повторната јавна презентација по Нацрт – ДУП Градска четврт З 12 – локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, Општина Центар – Скопје ќе се одржи во Општина Центар – Скопје (ул.„Михаил Цоков“ бр.1)во салата за состаноци во барака 6 на 27.1.2020 година (понеделник) во 13.00 часот.

Нацрт – ДУП Градска четврт З 12 – локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, Општина Центар – Скопје ќе биде изложен во просториите на ООУ „Коле Неделковски“ (ул.„Антоније Грубишиќ“ бр.8) секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот, од 20.1.2020 до 31.1.2020 година.

Соопштението за организирање на повторната јавна презентација и повторната јавна анкета ќе биде објавено во „Вечер” и „Слободен печат”. Соопштението, синтезниот план и анкетниот лист ќе бидат објавени на веб страната на Општина Центар – Скопје (www.centar.gov.mk).

Контакт: planiranje@centar.gov.mk, 3203 605 и 3203 660.

Во определениот рок заинтерeсираните правни и физички лица можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Бр.09-345/2

17.1.2020 год.

Скопје

Comments are closed.

Close Search Window