Вчера, во салата на Советот на Општина Центар се одржа повторната јавна презентација на нацрт ДУП-овите Градска четврт И 01 – Маџир Маало 1 и И 05 – Маџир Маало 2.
Секторот за урбанизам на Општина Центар, заедно со планерите кои работеа на планот, на присутните претставници од јавните претпријатија, жителите на Маџир Маало и медиумите ги презентираа измените и придобивките од новите планови.
Со новите ДУП-ови се предвидува урбанизирање на едно од најслабо развиените подрачја во општината, нови згради, улици, зеленило, нова градинка за децата од околните куќи и згради, како и нормализирање и хуманизирање на условите за живот во овој дел од Центар.
Нацрт ДУП-овите остануваат изложени во просториите на урбаната заедница „Мирче Мацан“ (ул. Пролет бр. 39), секој ден од 8:00 до 16:00 часот, заклучно со 3.2.2020. Во определениот рок, сите заинтересирани правни и физички лица ќе можат своите забелешки, предлози и идеи за ДУП-овите да ги достават во УЗ „Мирче Мацан“, до архивата на општината или електронски, на planiranje@centar.gov.mk преку пополнети анкетни листови.