Активности|

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје изминатата седмица санкционираа 370 непрописно паркирани возилакои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 27.01. до 02.02.2020 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 199 непрописно паркирани возила, од кои едно (1) несовесно   паркирано   возило   на   паркинг   место   наменето   за   лица   со   посебни потреби, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 171 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар секојдневно водат грижа за да го доведат во ред сообраќајниот хаос настанат од непрописно паркираните возила на територијата на Општина Центар. Потсетуваме на почитување на сообраќајните правила од страна на секој учесник во сообраќајот со цел одржување на ред и безбедност на улиците.

Comments are closed.

Close Search Window