Во согласност со препораките и Одлуката на Владата на Република Северна Македонија поради моментната состојба со коронавирусот, Општина Центар-Скопје воведува низа мерки за превенција и заштита на вработените, како и на граѓаните што имаат потреба од нејзини услуги.
Со цел да се намали ризикот од евентуално пренесување на заразата и да има колку што е можно помала фреквенција на граѓани, од 11.3.2020 година до 24.3.2020 година, во текот на наредните две недели, во Општината ќе нема приемни денови во одделенијата и во секторите.
Исто така, апелираме до сите странки, доколку имаат итна и неодложна потреба, при доаѓањето на шалтерите во архивата на Општината задолжително да ги почитуваат и да ги применуваат препораките на Министерството за здравство за одржување на хигиената и заштитата. Настојувајте да дојдете со целосно подготвени документи и на шалтерите да се задржувате колку што е можно пократко, при што ќе избегнувате каков било контакт со вработениот.
Доколку имате прашање што може да се реши, обратете се на е-адресите или на фиксните телефони на Општина Центар-Скопје.
Овие информации ги има на линкот на Општината: https://bit.ly/3cOOCSf
ОПШТИНА ЦЕНТАР-СКОПЈЕ