Активности|

Општина Центар во соработка со Здружението за поддршка и развој „Хуманост”, формира мобилен тим со цел поголема колективна безбедност и превенција од вирусот COVID-19 (Корона вирус).

Поради новонастаната ситуација, а со цел да не остваруваат непосреден контакт со останати лица и да се изложуваат на дополнителна опасност, сите возрасни лица над 60 години на територијата на Општина Центар, кои се изнемоштени и имаат влошена здравствена состојба, можат да се обратат на телефонскиот број: 077 963 672.

Нашиот мобилен тим, почитувајќи ги сите мерки на претпазливост наложени од Владата, ќе дојде до нивниот дом, ќе им ја пружи потребната помош и поддршка, а дополнително и ќе им бидат обезбедени потребните прехранбени намирници, средства за хигиена и/или потребни лекови.

Comments are closed.

Close Search Window