Општина Центар денес завршува со реконструкцијата на улицата „Мирче Оровчанец“ во населбата Буњаковец.
Стариот и дотраен асфалт и ударните дупки на улицата се веќе минато и граѓаните после цели 12 години добиваат комплетно нова улица.
На вкупна површина од 1192 метри квадратни се поставува нов слој на висококвалитетен асфалт кој ќе придонесе за подобрување на сообраќајот во овој дел од Центар, но значително ќе го олесни движењето на пешаците и ќе ја зголеми безбедноста.
Улицата „Мирче Оровчанец“ е 16-та комплетно реконструирана улица во Општина Центар и е уште една во низата реализирани комунални проекти на ова општинско раководство, предводено од градоначалникот Саша Богдановиќ.
Активностите за подобрување на општинската инфраструктура и проектите за реконструкција на улиците во општината продолжуваат и во наредниот период, а наредни за реконструкција се улиците „Периша Савелиќ“, „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и „8-ми Март“.