Следејќи ги препораките и мерките на Владата и Министерството за здравство, со оглед на прогласената пандемија на Корона вирусот, дел од вработените во општината своите работни активности и обврски ги извшруваат од дома.
Организацијата на онлајн наставата во основните училишта, обработката на документите во Секторот за урбанизам, организацијата на социјалната политика и останатите активности, вработените ги извршуваат од дома, со цел непречено функционирање на општината и услужување на нашите сограѓани.
Општина Центар и градоначалникот Саша Богдановиќ упатуваат апел до сите наши сограѓани да бидеме солидарни, одговорни, да се грижиме за нашето здравје и да ги почитуваме препораките на Владата и на Министерството за здравство, дека само така ќе го вратиме животот во нормала и сите заедно ќе излеземе како победници од моменталната ситуација.