Активности|

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, до Уставниот Суд на РСМ поднесе барање за присуство на 12-тата седница, на која една од точките на Дневен ред е од особено значење за општината.

Како втора точка за 12-тата седница на Уставниот Суд се јавува Одлука за донесување Детален Урбанистички План Градска четврт И 04-Даре Џамбаз, Општина Центар-Скопје,  донесен од Советот на Општина Центар под број 08-2925/6 од 11.06.2019 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје бр.11/2019).

Точката се однесува на иницијатива поднесена од група граѓани кои пред Уставниот Суд, како суд кој е надлежен за одлучување за вакви иницијативи, односно на утврдената висина на објектите таму. Граѓаните од Уставниот Суд бараат да се врати на сила стариот ДУП, донесен во 2012-та година, кој ги изедначува висините на објектите на приземје + 8 ката и со тоа, дополнително го обременува просторот таму. Новиот ДУП, предложен од општината, а донесен во 2019-та година, ја враќа првичната состојба на градбите, со што ќе се задржи автентичноста и постојната состојба на подрачјето на градбите во ДУП Градска четврт И 04 – Даре Џамбаз.

Поради важноста на иницијативата и следење на постапката, градоначалникот Богдановиќ до Уставниот Суд поднесе барање за присуство на седницата.

Comments are closed.

Close Search Window