Општина Центар – Скопје распиша Конкурс за урбанистичко и идејно архитектонско решение за комплекс градби којшто треба да вклучи административна зграда на локалната самоуправа Општина Центар – Скопје. Комплексот на градби е планиран на ГП 1.23 од Изменување и дополнување на Детален урбанистички план Градска четврт „Дебар маало 1“, Општина Центар – Скопје, донесен од Советот на Општина Центар – Скопје со Одлука број 07-9816/4 од 21.12.2012 година. На предметната локација во моментов се наоѓаат времени објекти – бараки поставени по катастрофалниот земјотрес од 1963 година во коишто е сместена администрацијата на локалната самоуправа Општина Центар – Скопје и подрачните единици на неколку државни институции.
Краен рок за предавање на конкурсните трудови е 27.09.2024 година во 15.00 часот.
Во прилог ја објавуваме комплетната документација неопходна за учество на конкурсот.
ПОНЕДЕЛНИК – ПЕТОК: од 08:00 до 16:00 часот
(Пауза од 11:30 до 12:00 часот)
АДРЕСА: ул. Михаил Цоков бр 1