Цветанка Симоновска

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ

Др Виолета Мирчевска(Велковска)

Место на живеење: Скопје , Општина Центар

Телефон : +389 (0) 71 321 563

БИОГРАФИЈА

Д-р Виолета Мирчевска (Велковска) е редовен професор во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС-УКИМ, каде што работи од 1983 година. Магистрира во 1995 година, а докторира во 2002 година при ИЗИИС-УКИМ.
По докторирањето остварува постдокторски истражувачки престој во Рур, Универзитетот во Бохум, Германија, во рамките на Германската програма за академска размена ДААД (2002-2003), на Универзитетот  Беркли во Калифорнија, САД, во рамките на програмата Фулбрајт (2007-2008) и на Универзитетот во Штутгарт, Германија, во рамките на програмата ДААД (2010-2011). Во 2014 година преку програмата ЕРАЗМУС остварува престој на Факултетот за градежништво и геодезија при Универзитетот во Љубљана како предавач по предметот Инженерски конструкции – брани.
Нејзината експертиза е насочена кон земјотресно инженерство, статичка и динамичка анализа на брани. Од самото вработување, а особено во рамките на магистерските, докторските и постдокторските истражувања интензивно работи на развој на софтверот АДАД-ИЗИИС, специјално напишан за анализа на сите видови брани.
Публикува значителен број трудови во научни списанија со импакт фактор и на интернационални конференции, исто така, учествува и во неколку интернационални истражувачки проекти и во голем број апликативни проекти во Македонија, Бугарија, Албанија, Босна и Херцеговина и Словенија. Ревидент е на триесетина научни трудови од областа на земјотресното инженерство за публикација во истакнати научни списанија со импакт фактор.
Член е на MAAA (Македонско-американска алумни асоцијација); Македонска асоцијација на градежни инженери ДГКМ; Македонски комитет на високи брани МКОЛД; Друштво за геотехника на Македонија ДГМ и член на наставниот и координативниот комитет DYNET/SEEFORM (2012-2018). 

ПРАШАЈ ГО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОВЕТ

Close Search Window