Со делењето на 150 пакети со храна и прехранбени производи на 150 граѓани од семејства со висок социјален ризик, заедно со Душко Христов од здружението Банка за Храна – БХМ, официјално го означивме почетокот на реализација на проектот “Нула Глад“ во Општина Центар.
При проектирањето водевме сметка училиштето да биде приспособено на новата образовна програма, во согласност со Законот за изградба на ваков тип образовни објекти. За секој ученик е планиран минимум простор од 5м², а во секоја паралелка да има од 25 до 28 ученици со што ги исполнуваме меѓународните стандарди.
Сакавме во овој период што претстои да направиме систем, во кој со Банката за храна ќе доставуваме прехранбени продукти, за да овие можат овие семејства полесно да го поминат месецот. Податоците кои излегоа во скоро време се застрашувачки, некои семејства го поминуваат денот со само еден оброк.
Затоа, ги повикувам и другите општествено одговорни компании да ни се придружат и ние, како нивни сограѓани, заедно да им помогнеме на овие луѓе.
Општина Центар овој проект го реализира во партнерство со здружението Банка за Храна – БХМ, а со поддршка на маркетите: Рамстор, Кам, Веро, Тинекс, Жито Маркети, Стокомак, Гранап и Кит Го.
ПОНЕДЕЛНИК – ПЕТОК: од 08:00 до 16:00 часот
(Пауза од 11:30 до 12:00 часот)
АДРЕСА: ул. Михаил Цоков бр 1