Активности|

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, заедно со вработените во општинската администрација, вчера и денес подели зимски јакни, кабаници (наметки за дожд) и носачи за бебиња на жители на Центар на кои овие работи им се најпотребни.

По претходно утврдени критериуми, градоначалникот Богдановиќ подели нови 230 зимски јакни и 70 носачи за бебиња, донација од УСАИД, на семејства со висок социјален ризик, кои ќе ги затоплат во овие студени зимски денови. Исто така, лицата од службите кои ја одржуваат хигиената и ги расчистуваат улиците од снежните наноси во општината, добија 100 нови кабаници (наметки за дожд) за полесно справување со врнежите на дожд и снег.

Во рамки на општината веќе функционира проектот Нула Глад со невладината организација Банка за Храна – Македонија, но и двата адаптирани простори во соработка со јавното претпријатие “ПОЦ“ во катната гаража “Судска Палата“, каде се згрижуваат бездомници, со што општината секојдневно придонесува за нашите сограѓани полесно да ја поминат зимата, особено оние од семејствата со висок социјален ризик.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close Search Window